Зошто другите диети не успеваат да ги задржат ниските килограми?
Ако телото гладува за jаглехидрати, протеини или масти, тогаш неговиот хранителен прием нема да е балансиран и пак клеточниот систем нема да биде целосно отворен. На кратко, ова би значело, дека ако не се конзумираат jаглехидрати, не пример, организамот ќе си ги набави, при што ќе ги искористи своите сопствени jаглехидратни нивоа, за да се балансира хранителниот прием. На овоj начин често се намалува тежината каj луѓе што пробуваат брзи диети. Проблемот се поjавува тогаш кога ќе се обноват до нормални количините од хранителниот прием и затоа што конзумираните храни, кон кои што имаме неподносливост, сe уште предизвикуваат имун одговор, ниските нивоа на IGF-1 jа оставаат клетката затворена, се нарушува метаболизмот и неосвоените хранителни состоjки пак ќе доведат до складирање на масти. Единствениот начин за задржување на постигнатите ниски килограми е да се даде доволна количина слободен IGF 1 во организамот, а за таа цел треба да ги идентификуваме и навреме да ги елиминираме храните, кои што го предизвикуваат овоj имун одговор. Инаку кажано, за добар метаболизам, производите на варењето на храната - гликоза и масни киселини се апсорбираат во клетките на телото, каде што се метаболизираат за енергиjа. Но над определен праг на имуна реакциjа клеточните мембрани се променуваат, при што се намалува примањето на гликоза. Во овоj процес вишокот гликоза се одместува од клеточниот метаболизам (за енергиjа) и често се складира како маст. Освен тоа, овие имуни реакции можат да предизвикаат колебања во нивоата на инсулинот и производството на слободни радикали; и за двете од кои што се водат повеќе здравствени дискусии.