Процесът
 
 
 
10-те наjчесто поставувани прашања
 
1. Дали програмата NOVO e базирана на тест за хранителни алергии?
Не. Тестот jа определува чувствителноста кон различните храни. Алергиjата кон храната е моментна, jавна реакциjа кон определени храни како што се кикирики, jагоди, морски животни со черупка и др, додека чувствителноста кон храната е бавна хронично-воспалителна реакциjа кон редовно употребувани храни и е сврзана со нарушениjа со метаболитните процеси.

2. Можам ли да jадам храни, за кои што не сум тестиран?
Тие храни е потребно да бидат избегнувани наjмалку 10 недели пред да ги воведите во вашето мени, затоа што не сме jа тестирале Вашата крвна проба со нив.
3. Што ќе се случи ако случаjно jадам храна што не ми е дозволена?
Тоа би предизвикало некои реакции - подување во стомакот, цревни проблеми, главоболка, умора, чувство на горење во градите. Можно е да не реагирате веднаш кон храните, а 4-12 саати покасно. Хранењето касно навечер може да предизвика реакциjа наредното утро. Овие симптоми ќе поминат за 48 саати и нема да се поjават пак.


4. Не ми е дозволена пченица. Што можам да jадам наместо леб?
Ако Ви е дозволено, пробаjте некои од изброените: 'ржен леб, пченкарен леб, 'ржени крекери, пченкарни крекери, лебчиња од компири, качамак, оризово фиде и шпагети, леб без содржина на глутен или комбиниран леб (убедете се дека не содржува пченица).