Неподносливост кон храната
Неповолните реакции кон храни биле предмет на голема количина медицинска и немедицинска литература од самиот почеток на историjата. Во современата литература до сосема скоро, повеќе од тие информации се сметаа за недокажани. Но сега набљудуваме зголемено внимание и нови научни закључоци во таа сфера на медицината, придружени од зголемување на интересот кон причината за заболувањата и натпросечната тежина, кои се должат на определени храни.
Спротивно на општото верување, не секогаш хранителните состоjки се разградуваат целосно, пред да навлезат во крвоносниот систем. Познато е дека храните, кон кои што имаме неподносливост, преминуваат преку цревниот sид, со форма на неразградени макромолекуларни комплекси и навлегуваат во крвниот проток, при што предизвикуваат многу несакани реакции и симптоми, како и нарушување во мастната, jаглегидратната и протеинска размена. Вашиот имун систем не ги распознава тие хранителни честици и ги напаѓа, за да ги разруши и да ги разгради.
Неподносливоста кон определени храни е бавна, хронично - воспалителна реакциjа и е строго индивидуална за секоj организам. Долготраjното конзумирање на храни, кон кои што имате неподносливост, може да доведи до тешки, долготраjни повреди, причина за многу воспалениjа и надпросечнна тежина.