NOVO
Упатства за лекари и диетолози
NOVO е нов и научен пристап кон лично хранење на пациентите. Програмата NOVO е добро проучен и високоефективен начин за намалување на телесната тежина, зголемување на енергиjата и добро општа физичка состоjба. Програмата се базира на принципи во рамките на имунологиjата и човечкиот метаболизам. Обjаснувањето е дека делумно преработените хранителни состоjки провоцираат имуна реакциjа.
За здрав метаболизам производите на варењето на храната - гликоза и мастни киселини - се апсорбираат во клетките на телото, каде што се метаболизираат за енергиjа. Но над определен праг на имуна реакциjа клеточните мембрани се променуваат, при што го намалуваат примањето на гликоза. По ова сценарио вишокот гликоза се одвлекува од клеточниот метаболизам за енергиjа и често се складира за масти. Освен тоа овие имуни реакции можат да предизвикаат колебања во нивоата на инсулинот и производството на слободни радикали; и за двете од кои што се водат здравствени дискусии.
NOVO осигурува на пациентите лична анализа на различни храни, при што идентификува кои хранителни видови предизвикуваат силни имуни реакции (леукоцити) и кои - не. Пациентите по програмата добиваат диаграм, коj што покажува кои храни можат да се конзумираат и кое е наjдобро да го избегнуваат на основа на нивните собствени имуни реакции кон 115-те вида храни. Програмата NOVO исто така дава на пациентите телефон и лична поддршка во рок од 12 недели по започнувањето на програмата.
Фактички пациентите предаваат крвна проба, што се обработува за околу 75 минути со помошта на крвниот тест NOVO. Ние се концентрираме над активирањето на белите крвни клетки, а тестот, извршен со крвен анализатор CD 4000/Sapphire, мери околу 40 000 клетки за секоjа храна; соодветно на околу 2,5 милиони клетки на тест.
Науката и теориjата зад NOVO
Физиолошкиот процес на варење на храната jа претвора храната во форма, коjа што може да се користи од клетките, основно гликоза и слободни мастни киселини. Гликозата, ослободена од диететски jаглехидрат навлегува во клетките, каде што се метаболизира преку гликоза и циклус на Кребс. Диетичните масни киселини се и важно гориво за дишење на многу ткива, особено за мускулите, и се метаболизираат преку оксидациjа со продуктите (Ацетил - СоА), кои влегуваат во циклусот на Кребс, за понатамошна преработка.
Во поголем дел од времето варењето на храната jа променува храната од "туѓа" во "своjа". Но делумно преработените честици храна понекогаш се идентификуваат како "не свои" за имуниот систем, при што стимулираат воспалителна имуна реакциjа, коjа што има драматични последици за клеточниот метаболизам, затоа што се меша во механизмот преку коj што гликозата навлегува во клетките.
Кога гликозата не може да навлезе во клетките за горење, дел од вишокот се претвора во гликоген во црниот дроб, но поголемиот дел се одвлекува, заедно со слободните масни киселини, за претворање во склад на телесна маст како триацилглицерол. Производството на маст од гликоза станува наjмногу во црниот дроб и масните (адипозни) клетки.
Спомнатата погоре имуна реакциjа, коjа што допринесува за пазењето на масти, се врти околу мали, непреработени честици храна, кои што го избегнуваат полното варење на храната и се апсорбираат во телото преку три механизми:
" преку лигавицата на цревата
" преку клеточната обвивка на епителните клетки на цревата или ентероцитите (меѓуклеточен пат)
" преку здрави врски меѓу ентероцитите (параклеточен пат)
Откако се веќе во крвотокот овие молекулни агрегати можат да станат антигенски и да провоцираат имуна реакциjа. Овие имуни реакции започнуваат во Паjеровите облоги во лигавицата на танкото црево, но скоро се разделуваат, при што агрегатите влегуваат во крвотокот. Овие имуни реакции и воспалението што произлегува од нив се во центарот на науката, коjа што стои зад производот NOVO.
Воспалителни реакции во цревата и крвниот проток
Затоа што често е изложен на патогени, sидот на цревата е така снабден за да дозволи на хранителните состоjки да минуваат преку него во крвотокот, при што го спречуваат пристапот на штетни патогени, како бактерии. За да се заштити од патогените, sидот на цревата содржува разновидни имуни клетки, заедно со T и B лимфоцити и фагоцитни леукоцити, како макрофаги, масни клетки, еозинофили и неутрофили.
Непреработените честици храна (макромолекуларни агрегати), кога ќе го достигнат луменот на танкото црево, понекогаш делуваат меѓусебно со мукозните масни клетки и предизвикуваат имуна реакциjа, слична на таа на патоген. Програмата NOVOможе да утврди кои агрегати предизвикуваат такви реакции и на тоj начин пациентот има можност да ги избегне.
Кога агрегатите навистина предизвикуваат имуна реакциjа, масните клетки, преку ослободувањето на хемокини, како тумор коj го некротизира факторот - алфа (TNF - алфа), собираат неутрофили од крвниот проток во цревниот лумен. Подготвените неутрофили после тоа ослободуваат провоспалителни медиjатори, вкључуваjќи повеќе TNF-алфа и интерферон-гама (IFN гама). Во некои случаи се добива дегранулациjа на масните клетки, при што се ослободуваат уште повеќе цитокини, кое што привлекува уште повеќе неутрофили во областа и ослободува други воспалителни ензими и кислородни радикали.
Парадоксално, овоj механизам за привлекување на неутрофили кон цревата го зголемува пропуштањето на епителот на цревата, кое што од своjа страна дозволува на овие антигенски хранителни макромолекули да навлезат во крвниот ток, кое што го дозволува напредувањето на воспалителната реакциjа.
Присуството на макромолекули во крвниот ток дозволува на феноменот на "неорганизирана фагозитоза", во коj што една фагоцитна клетка, коjа што не може да ги голтне хранителните комплекси (поради своjата големина или исклучителна количина), ослободува ензими од своите фагозоми дирекно во своjата средина. Тоа ослободување на ензими и воспалителни медиjатори додатно jа наострува ситуациjата. Овие имуни реакции го нарушуваат метаболизмот на гликозата и оноj на масните киселини.
Метаболизам на гликозата и на масните киселини при присуство на имуна реакциjа
ГЛИКОЗА
Мускулните и масните клетки можат да примаат гликоза само при присуство на инсулин. Инсулинот ги тера гликозните транспортери, познати како GLUT4, да излезат на површината на мускулните и мазните клетки, каде што превозуваат гликоза во клетката за метаболизам за енергиjа. Друг хормон, сличен на инсулин фактор на растење - I (IGF - I), може исто така да го активира GLUT4 и да допринеси за примањето на гликозата во клетките.
Мускулните и масните клетки делуваат меѓусебно со инсулинот и IGF-1 преку тирозин - киназен рецептор. Ова меѓусебно делување ги тера GLUT4 рецепторите да се помрднат од цитоплазмените везикули, во центарот на мускулните клетки, до површината на клетките; овде GLUT4 рецепторите можат да превозуваат гликоза.
Но имуните реакции, предизвикани од хранителни агрегати, поточно TIF-алфа, серизно го нарушуваат тоа превозување на гликозата. IGF-1 исто така се врзува со друг рецептор од површината, интегрин-рецептор. Интегрин и тирозин - киназните рецептори обично се наоѓаат во еднаков броj по површините на клетките. TNF-алфа предизвикува зголемување на броjот на интегрин-рецепторите, кои што се конкурираат за IGF-1 сврзување со тирозин - киназните рецептори.
Превозување на макромолекули од цревото до крвниот ток
Имуна / неутрофилна реакциjа на макромолекуларното навлегување
Карактеристична неутрофилна реакциjа при претворањето на енергиjата (надпросечна тежина)
Кога IGF-1 се сврзува со повеќе интегрин-рецептори, одколку со тирозин - киназни рецептори, GLUT4 рецептори се тргаат во клеточната цитоплазма, при што стопираат секаков гликозен метаболизам (дури со присуството на иснулин).
МАСНИ КИСЕЛИНИ
Поjавата, при коjа што TNF-алфа го спречува гликозниот метаболизам, дури со присуството на инсулин, се вика "инсулинов отпор". Вишокот гликоза потоа се прима од клетките на црниот дроб (процес, што не зависи од инсулинот) и се претвора во триацилглицероли, кои што се пренасочуваат до мускулните клетки за гориво и до адипоцитите за складирање. Така, макар што помалку гликоза навлегува во масните клетки (адипоцити), од црниот дроб пристигнуваат за складирање и се натрупуваат повеќе готови масти. Сменетиот метаболизам на адипозната клетка исто така води до паралелно сврзување на малата количина гликоза, што се наоѓа во метаболитен пат, познат како хексозаминов биосинтезен пат, чии производи се сметаат дека допринесуваат за воспаление и инсулинов отпор. Всушност, TNF-алфа исто се произведува од адипоцити и се изразува со зголемена тежина.
За да го направи проблемот поголем, TNF-алфа активира липаза, чувствителна кон хормоните, при што по тоj начин ги мобилизира Слободните масни киселини (FFA), кои што се упиваат во крвотокот. Слободните масни киселини можат да доведат до важна хиперлипидемиjа, коjа што е важен ризичен фактор за болесите на срцето и крвните садови. Друг важен цитокин, произведуван од масните клетки, е интерлевкин-6 (IL-6) и слично на TNF-алфа, нивоата на IL-6 во крвотокот се зголемуваат, кое што води до здебелување. И TNF-алфа и IL-6 jа запираат липопротеинската липаза (што се наоѓа над капиларните ендотелиjални sидови), при кое што се намалува слободниот простор на слободни масни киселини во крвотокот.
Затоа што самите адипоцити произведуваат TNF-алфа , тоа ги наострува локалните воспалителни реакции, започнати од подготвените леукоцити. Всушност, многу наскоро ова здебелување беше признато за хронична, воспалителна неорганизираност.
Метаболизам на гликозата и масните киселини...каков да биде и решението на NOVO
ГЛИКОЗА
Со програмата NOVO може да се избегнат имуните реакции, сврзани со натрупувањето на храна. Кога храната се вари без имуни реакции, мускулните и масни клетки може да jа метаболизираат правилно и гликозата и масните киселини.
При конзумирањето и варењето на jаглехидрати, нивоата на инсулинот се зголемуваат и тоj се сврзува со тирозин - киназните рецептори по површините на мускулните и масните клетки. Ова предизвикува автофосфорилациjа на остатоците тирозин во подгрупите, при што води до претворање на инсулинскиот сигнал, а цитоплазмените везикули ќе се смешаат со клеточната мембрана. GLUT4 гликозните превозувачи потоа влегуваат во плазмалемата, при што дозволуваат на гликозата да влезе во клетката.
Ослободувањето на инсулин после хранење предизвикува 30 пати зголемување на брзината со коjа што дадена масна клетка клетка прима гликоза. Откако веќе е во клетката, гликозата или влегува во гликозните патишта за производство на енергиjа или се претвора во триацилглицероли и се складира како маст за идно користење.
Кога крвните нивоа на инсулинот спаднат пак, тирозин - киназните рецептори веќе не се зафатени и тирозинската дефосфорилациjа го прекинува инсулинскиот сигнал. Како резултат на тоа гликозните превозувачи се рециклираат пак во цитоплазмата и гликозата веќе не може да навлезе во клетката.
МАСТИ
Два основни ензими се вкључени во мобилизациjата на масните киселини од масните клетки: хормон - чувствителна липаза (HSL) и липопротеинска липаза (LPL). Мастите наjмногу се складираат во формата на триацилглицероли во адипоцитите со извесно присуство на слободни масни киселини во крвотокот. Кога нивоата на крвната гликоза се ниски, слободните масни киселини делуваат како важен алтернативен извор на гориво, особено за мускулните клетки. Во оваа ситуациjа панкреасот стопира да произведува инсулин и место тоа го секретира хормонот, коj што ги гори мастите, глукагон. Глукагонот го искључува складирањето на масти и jа вкључува мобилизациjата на слободните масни киселини од адипозните складови преку индирекно активирање на хормон - чувствителната липаза, коjа што се наоѓа во масните клетки.
HSL ги хидролизира триацилглицеридите (познати и како триглицериди) во нивните делови на глицерол и слободните масни клетки. Глицеролот потоа се преработува преку гликолиза, додека слободните масни клетки jа напускаат клетката и се сврзуваат со албумин во крвотокот. Потоа слободните масни клетки се превозуваат до ткивата, на кои што им треба енергиjа, како скелетни или срцеви мускулни клетки. Слободните масни клетки можат да навлезат во клетките преку обична дифузиjа или преку протеин, коj што превезува масни киселини 1 (FATP1 - ацил-СоА-синтетаза), коjа што се изразува преку определени ткива, особено скелетни мускулни клетки и адипоцити. Интересното е дека мускулните клетки претпочитаат да ги користат слободните масни киселини како гориво, затоа што тоа е биолошки поефикасно, отколку користењето на гликоза.
Вториот ензим, што ги преработува мастите, липопротеин липаза (LPL), исто така се прозиведува од адипоцити, но во крвотокот навлегува корелациjа, за да се игнорира капиларниот ендотелиум. LPL помогнува за контролирање на балансот меѓу нивоата на триацилглицеролите, кои што остануваат во крвотокот.
IGF-1 се секретира во краjни нивоа од црниот дроб и други ткива како одговор на хормонот на растење.
Што се случува кога реагираме на храните што ги jадеме?
Како и интегрин (имун пат ) рецепторот, така и тирозин - киназниот (гликозен метаболизам) рецептор се регулираат од сличен на инсулинот фактор на растење 1 (IGF-1). Нивоата на IGF-1 во телото се краjни и ако се бара или користи повеќе IGF-1 од еден од рецепторите, помалку ќе има за другиот.
Кога телото произведува имуна реакциjа кон определена храна, се случуваат многу работи. Кога телото jа идентификува туѓата хранителна супстанца, тоа испраќа сигнали до клетките да започнат имуна реакциjа. Тоа користи многу од слободните IGF-1 за сврзување со интегрин рецепторите (стартери на имуниот систем, коj што израз се зголемува), за да ги натера клетките да се борат со натрапникот. Тоа остава помалку IGF-1 за сврзување со тирозин - киназниот рецептор (метаболизам), кључот коj помогнува за примањето на гликоза од клетките.
Како резултат на тоа во клетките навлегува помалку гликоза, а место тоа се преработува преку црниот дроб за произведувањето на триацилглицероли, кои што се складираат како масти. Друга последица е дека мускулите на телото добиваат помалку енергиjа и оттука ќе испраќаат сигнал до мозокот да jаде повеќе, за да добие повеќе енергиjа.
NOVO ги идентификува храните кон кои дадено лице дава имуна реакциjа. Елиминирањето на тие храни од режимот на исхрана jа намалува воспалителната реакциjа и дозволува побалансирано меѓусебно делување меѓу IGF-1, тирозин - киназните и интегрин - рецептори.
Фигура 1: Диаграм што го покажува балансот на користењето на слободните IGF на телото за активирање на клеточниот имунитет или метаболизам
NOVO - програма за пациентите
NOVO на Имоџеникс е личен план за исхрана, што вкључува крвна анализа за чувствителност кон храни и диететска програма, базирана на резултатите од анализата. NOVO дава на пациентите лична анализа на различни храни, при што го покажува степенот на имуна реакциjа, од нулта до висока.
Крвниот тест
По почетното оценување за регистрирање на почетната точка на пациентот, се зема крвна проба (20 мл вкупно). Пациентите можат да го однесат комплетот на општиот лекар или да посетат кажана од NOVO клиника или болница. Крвните проби потоа се испраќаат до лабораториjата на Имоџеникс и се прават проби за 115 храни. Потоа храните се категоризираат во зависност од имуната реакциjа што jа предизвикуваат.
Диаграм на храните
Резултатите од тестот NOVO се даваат на клиентот во обичен и лесен за разбирање диаграм на храните. Секоjа од тестираните храни се става во Список на храните, кон кои организамот има неподносливост во зависност од интензитетот на имуниот систем, коj што го предизвикуваат. Зелената група содржува видови храни, што не предизвикуваат имуна реакциjа во тестот, додека храните на кои што сте реагирале во вашиот Список со храните, кон кои организамот има неподносливост, се подредуваат по редот на реакциjа на вашето тело, при што во почетокот се наjсилните реакции. Личниот режим на исхрана потоа се базира целосно на храните, изброени во Картата со резултати.
Програмата
Програмата NOVO гарантира оптимално користење на храната (енергиjата ) преку метаболизам во телото, што може да го минимизира натрупувањето на масти, jа зголемува способноста за живот и има други ефекти, сврзани со подобрен хранителен статус, подобрена положба на кожата и помалку проблеми со варењето на храната, како синдром на воспалените црева. За разлика од многу диети, NOVO не содржува пресметување на калории, ограничување на приемот на храна или избегнување на цели хранителни групи. Програмата е многу едноставна и целосно се базира на диаграмот на храните. За да се дозволи на имуниот систем целосно да се опорави од постоjаното активирање од храни, кон кои е чувствителен, хранителната програма се спроведува во две Фази.
Во Фаза 1 (наjмалку 5 недели) храните од Списокот со храни, кон кои организмот има неподносливост треба сосем да се елиминираат. Може да се конзумираат само храни, што не предизвикуваат имуна реакциjа и оттука - не се опасни за да се jадат (Зелена група). Ова целосно го елиминира ризикот од активирање на имуниот систем, при што му дозволува на тоj начин да се опорави и да се зацврсти. Овоj процес може да биде придружен од некои лесни придружни ефекти како вртоглавица, умора, мускулни болки, симптоми слични на грип, главоболка, промени во кожата (симптомите често се сврзани со подесувањето на телото кон промената во хранењето), кои што обично исчезнуваат после првите неколку недели.
Во втората Фаза може да се конзумираат слободно Зелените храни, како и во предната фаза на хранителната програма. Храните во Списокот со храни, кон кои организамот има неподносливост постепено се додаваат пак една по една, при што се набљудуваат придружните ефекти. Со набљудување на сите симптоми, сврзани со повторното воведување на определена храна, пациентите можат да идентификуваат кои храни може да конзумираат без опасност и за кои ќе треба да ги избегнуваат подолго време.
Во некои случаи пациентите може да сакаат да го одложат повторното додавање на конкретни видови храни или да решат да ги избегнуваат сосем подолго. Тоа може да се направи со храните со здебелени букви во Списокот со храните, кон кои организмот има неподносливост.
Програмата NOVO е целосно лична и не содржува ништо повеќе од промена во изборот на храните. Заради оваа причина е безопасно и лесно да се исполнува хранителната програма. Пациентите по програмата NOVO добиваат полно раководство за програмата со корисни совети, често поставувани прашања, информациjа за тестираните храни и вообичаjните стапици. Тие исто така имаат достап до квалификувани диетолози и медицински експерти, за да им помагаат со програмата. По телефонот може да се сврзат со обучена екипа од диетолози за послужување на клиенти за одговарање на прашања или за индивидуални совети по програмата.
Повеќе информациjа може да се наjде на интернет страницата на Имоџеникс преку клубот NOVO, веб саjт простор, специjално наменето за пациенти, кои jа исполнуваат програмата.
Технолошкиот процес
Собирање на проби и инкубационен период со хранителни екстракти
Крвната проба се зема на антикоагулант (SACD). Потоа крвта се разделува во 115 епрувети за инкубациjа со хранителните екстракти. Хранителни екстракти - 115 храни, кои што не се сосема сомелени на макромолекуларно ниво (фаза на варење на храната, за коjа што е познато дека може да произведи имуна реакциjа) - потоа се инкубираат со крвните проби за наjмалку 20 минути.
Анализа на пробите
Кога храните ќе предизвикаат имуна реакциjа, белите крвни зрнца, како и неутрофилите, се активираат. Тоа активирање го вкључува ослободувањето на провоспалителни цитокини, како TNF-алфа, но и фагоцитоза, дегранулациjа и клеточна смрт. Овие поjави се придружени од морфолошки промени, кои што можат да се идентификуват со помошта на напредната ласерска технологиjа.
По инкубациjата со хранителните екстракти тестерите се минуваат преку крвен анализатор CD4000/Sapphire, коj што го дозволува утврдувањето на активирани леукоцити. За 75 минути се анализираат 40 000 клетки со секоjа храна и се анализираат повеќе од 4 милиони клетки на тест.
Толкување на резултатите
Тестот jа определува чувствителноста на неутрофилите на пациентот кон секоj вид тестирана храна: колку е посилна реакциjата, толку е посилен имуниот одговор кон крвниот тест и влиjанието над способноста на пациентот да jа претвори храната и натрупаните масти во енергиjа.
Ако за конкретен вид храна тестот не покаже активирани бели крвни зрнца (види фигура 1), храната се распределува во Зелената група, коjа ги содржува оние видови храни што не предизвикуваат имуна реакциjа и кои оттука се безбедни за конзумациjа.
Спротивно, кога тестот ќе идентификува активирани бели крвни зрнца, се пресметува меѓусебниот однос на клетките што jа представуваат токсичната реакциjа (фигура 2 и 3), токсична реакциjа со фагоцитоза (фигура 4), дегранулациjа или клеточна смрт (фигура 5). После тоа острината на реакциjата покажува каде да се стави дадена храна во Списокот со храните, кон кои организамот има неподносливост, при што оние, кон кои реакциjата е наjсилна, се во почетокот на списокот.
Резултатите од тестот на краjот се претставуваат на пациентот во адаптиран список, коj што jа представува основата на програмата NOVO.