СТАНОВИЩЕ
Од доц. Бурjана Кенарова, управител на лабораториjа по имунологиjа - ВМА
Односно: предложуваните тестови за хранителна неподносливост "NOVO" Имоџеникс и метод ELISA
Варењето на храната е основен процес, коj што дава хранителни состоjки за организамот. Физиолошки каj него храните се претвораат во форма на гликоза и слободни масни киселини. Гликозата се метаболизира преку гликолиза и навлегува во циклусот на Кребс. Масните киселини преку Ацетилкоензим А исто така навлегуваат во циклусот на Кребс. Претворени во гликоза и прости масни киселини хранителните состоjки се примаат како "свое" од имуниот систем, чиjа основна функциjа во организмот е да го толерира "своето" и да го елиминира "туѓото".
При некои околности (наjчесто стрес, некои воспалителни промени во системот за варење на храната, ензимен недостиг и др.) хранителни конгломерати од молекули достигаат преку лигавиците, меѓу клеточен пат или пара клеточен пат до клетките и се идентификуваат како "не свои" од имуниот систем, го стимулираат, што има драматични последици за него. Непреработените агрегати предизвикуваат каскада од имуни реакции кон храни, кон кои пациентите се нетолерантни - се предизвикува зголемување на
Th - 1 хелперна популациjа /произведува интерферон гама/ и Th - 2 хелперна популациjа, коjа произведува итерлеукин - 4. Значаjното зголемување на тумор некрозис фактор - алфа показжува и учествување на моноцитите.
Во краjот на оваа каскада од реакции се стигнува до "програмирана клеточна смрт" - апоптоза.
Овие механизми се различни од патогенетските механизми, сврзани со Ig E, кои се утврдуваат со рутина во повеќето имунолошки лаборатории.
При методот NOVO обработката на пробите со ласерски цитометар jа утврдува со голема точност реакциjата на полиморфонуклеарите, коjа се распоредува во следните етапи:
1/ Без реакциjа
2/ Токсична реакциjа
3/ Фагоцитоза
4/ Дегранулациjа на неутрофилите
5/ Клеточна смрт
Што се однесува до методот предлаган од "Бодимед" тоj е метод ELISA за определување на алергиjа тип Ig G кон хранителни лиофилизати.
Некои подкласови IgG1 и IgG4 алерген карактеристични антитела доминираат во алергичните индивидуи, додека подкласовите IgG2 и IgG3 се во мала количина. Тоталната IgG4 концентрациjа варира во широки граници во нормалната популациjа каj возрасни и деца со алергии, поради што е со ниска клиничка вредност. Високите нивоа на IgG4 пронаjдени во атопични пациенти, може да jа играат улогата на блокирачки антитела за IgE. Механизмот на IgE и IgG4 в атопични пациенти не се должи на некаков, а на нормален ефект на итерлеукин 4 и интерферон - гама во атопични индивидуи.
Наоѓањето на специфични IgC антитела кон млеко, jаjца и други, има ниска диjагностичка вредност /ChkibF 1984/, затоа што и високи нивоа се наоѓаат и во нормални субjекти /Layton, Gh1984/, а ниски во некои алергични индивидуи. Наоѓањето на високи вредности на IgG1 и IgG4 автоантитела кон лактоалбумин, овчки, казеин, глутен и други, може да биде сврзан со алергично заболување, но нема прогностичка вредност /LiljaG, 1990/.
Како закључок, тестот NOVO ги проверува на високо технолошко ниво промените во полиморфонуклеарите и меѓуклеточните медиjатори од над 100 храни. Предложениот метод ELISA за одредување на IgG медиирана алергиjа нема значаjна диагностичка и прогностичка вредност.
Бурjана Кенарова
Помошник професор
Имунолог
Воена Медицинска Академиjа