NOVO наспроти другите диети


"        Здраво хранење

Терминот "здраво хранење" значи дека храните кои што ги конзумираме ги даваат сите неопходни хранителни состоjки - вода, jаглехидрати, масти, протеини, витамини и минерали - за доставка на нашето тело на доволно енергиjа за да ги извршува сите секоjдневни деjности, при што се започнува од основните движења до трчањето на 10 км, за создавање и обновување на ткива, за поддршка на здрав имун систем и за давање можност на телото да ги извршува секоjдневните задачи лесно. Тие треба да се донесат со храните што ги конзумираме, затоа што телото не може да ги произведува.

Познати се барем 45 хранителни состоjки со важно значење за човечкиот живот, како додаток кон jаглехидратите, мастите и протеините. Тие сите делуваат заедно и ако едно или повеќе од нив недостигаат или се примаат во премногу големи количини со храната коjа што конзумираме, телото не може да го постигне или да го поддржува своjот максимален потенциjал. Затоа треба да сме сигурни дека конзумираните храни ги содржуваат сите тие хранителни состоjки. Тоа се постигнува со примање на разновидна храна - нема одделна храна коjа да може да ги донесе сите хранителни состоjки, кои што ни требаат. Освен тоа, овие храни треба да се балансирани - возраста, полот, физичката активност и здравствената положба имаат значење над количината што му треба на даден човек.

Програмата NOVO препорачува и дава здраво хранење заедно со избегнување на храните, кои што предизвикуваат воспалителна реакциjа.


Информациjа за слабеењето и други диети

Општата идеjа за слабеењето е дека треба да примате помалку калории отколку што му требаат на телото. Тоа понекогаш делува во краткорочен план, но често не е успешен начин за ослободување од фактичките килограми и го одложува решавањето на проблемот за неопределено време.

"        Строго ограничен прием на калории - кога приемот на калории спадне под големината на основната размена на состоjките на човек, кое е вообичаено каj силно ограничени диети (1000 калории). Слабеењето може да се случи премногу брзо, затоа што телото губи многу вода, протеини и гликоген.

Но ако тоа продолжи повеќе од неколку дена, телото започнува да реагира при што го забавува метаболизмот и започнуваат да му требаат помалку калории секоj ден, за да преживее. Ова е заштитен механизам, коjто се разработува, кога телото прима премногу малку калории за извршување дури на основните дневни функции и е познат како "метод на гладувањето". Кога телото е во оваа положба, слабеењето станува многу тешко. Многу луѓе реагираат на тоj недостаток на загуба на тежина, при што ги намалуваат уште повеќе калориите, што само jа отежнува положбата.

Друг недостаток на овоj вид диета е дека поради забавувањето на метаболизмот, при враќањето кон нормалното хранење, тежината се обновува многу брзо. Тоа е така, затоа што на телото веќе не му требаат толку калории за поддршка на тежината. Оттука, приманите калории што jа поддржувале тежината пред диетата, сега доаѓаат повеќе и затоа се натрупува не само старата тежина, но често и повеќе. Овоj вид непостоjано диететско хранење многу често се среќава и може да е опасно за телото, како и да доведе до натрупување на поголема телесна тежина во долгорочен план. Овоj вид диететско хранење и до ниска самодоверба, депресиjа и хранителна неорганизираност.

"        Гладување и пирување - тоа е модел на поведение што многу често се среќава. Многу луѓе кога ќе решат да почнат со диета, сметаат дека таа може да е успешна само ако навистина го намалат хранењето, си забрануваат многу "лоши" храни, оставаат долги период меѓу оброците и се чувствуваат многу гладни во поголемиот дел од денот. За несреќа, оваj вид диететско хранење води до често до ниски нивоа на шеќерот во крвта, умора и многу често, психолошка опседнатост од "забранетите храни". Оваа ситуациjа обично предизвикува премногу гмечење на храна, кое што, кога ќе се замислите, е единствената нормална реакциjа на гладувањето. Тоа од своjа страна води до чусвтво на вина и депресиjа и друг период на гладување - затворен круг.
Овоj вид диета често не води до слабеење и може да создаде проблеми со самодовербата, увереноста, како и депресиjа и чувство за вина.

Подолу се изброени основните диети които што се предложуваат во моментов, со кратко опишување за теориjата, коjа што стои зад нив.

"        Високопротеинска диета на д-р Аткинс

Тоа е многу популарна диета и се препорачува од многу познати личности. Таа вкључува намалување на приемот на jаглехидрати до сосем минимални количини и конзумациjа на наjвеќе богати со протеини храни. Храни како што се леб, ориз, макаронови производи, овошjе и многу зеленчуци се забранети, а храни како што се стекови, путер, jаjца, сирење и павлака се дозволени во слободни количини.
Теориjата што jа поддржува диетата е дека преку ограничување на jаглехидратите вие го терате телото да гори масти.
Оваа диета е докажан ефикасен начин за брза загуба на тежина. Но тестови покажуваат дека ова слабеење доаѓа наjвеќе од загуба на вода и протеини од телото, отколку од вистински масти. Тоа води до брзо обновување на загубената тежина после стопирањето на диетата. Исто така оваа диета е многу тешка за исполнување повеќе од неколку недели, затоа што може да биде многу тешка од социjална гледна точка.
Постоjано се зголемуваат доказите дека тоа не е многу здрава и е потенциjално опасна диета. Диетата го тера телото да влезе во положба, позната како кетоза (зголемување на ацетоновите состоjки во организамот), со придружните ефекти како што се слабост, гадење, дехидратирање и лош здив. Диетата може да предизвика недостиг на витамини и калциум, затоа што калциумот се одделува од телото при овоj вид на хранење, кое што би можело да го зголеми ризикот од остеопороза (болест на кршливите коски) и затоа што богатите со витамини jаглехидрати се многу ограничени. Има загриженост, дека диета, толку богата на наситени масти, може да ги зголеми нивоата на холестерол и мочна киселина и да го зголеми ризикот от срцеви болести. Исто така постои загриженост дека диетата води до напрегање за бубрезите, затоа што тие треба да одделуваат анормални високи количини отпадни производи од протеините со варењето на храната.

"        Зонова диета

Слична на диетата на д-р Аткинс, со тоа што препорачува понизок прием jаглехидрати и повисок на протеини. Место да акцентира на калориите, Зоновата диета ги разгледува храните како лек, коj што прави драматично влиjание на производството на хормонот инсулин од страна на телото. Таа смета дека значаjните промени во нивоата на инсулинот влиjаат на расположението, издржливоста, мозочната активност и натрупувањето или загубата на тежина. Поддржувачите на оваа диета тврдат дека конзумирањето на правилниот однос jаглехидрати со ниска густина , диететски масти и протеини можа да го контролира производството на инсулин во телото. Поддржувањето на нивото на вашиот инсулин во терапевтска зона ви дозволува да ги изгорите вишокот телесни масти (и да се ослободите од нив за секогаш), при што се радувате на зголемена енергиjа, подобрена концентрациjа и зголемена способност за живот.

Каj зоновата диета идеалниот однос jаглехидрати, протеини и масти е соодветно 40-30-30. Во идеалниот случаj, хранењето или поjадокот според оваа диета ќе има таков макрохранителен однос при секое хранење. За несреќа, не се направени многу тестови, кои што фактички ќе го поддржат овие тврдења и освен тоа, оваа диета може да биде тешка за исполнување за подолго време.

"        Роузмари Конли

Клуб за слабеење, сличен на Набљудувачи на тежината, со таа разлика дека акцентот е на мастите и на калориите. Ова е диета со ниска содржина на масти, кое што значи дека сите видови масти се конзумираат колку е можно поограничено. Тоа ги тера луѓето да сметаат на силно обработени храни со ниска содржина на масти, кои често се со зголемена содржина на шеќери или вештачки засладувачи. Исполнувањето на оваа диета значи дека приемот на основните масти е исто многу низок, што не е корисно за телото. И пак, секоj успех во кратов период е неотпорен во долгорочен план, затоа што не се прават вистински промени во долгорочните хранителни навики и на луѓето често им здосадува без масти во диетата, затоа што маста jа прави храната вкусна и и дава содржина. Диетата без масти може да е многу лесна и тоа да доведе до голем процент неуспех.

"        Диета според крвната група

Популарна диета во моментов. Создадена од д-р Адамо, диетата се базира на крвната група и препорачува конзумирање на различни храни во зависност од крвната група на човекот. Диетата го поддржува мислењето дека различните крвни групи произлегуваат од различни групи прародители, кои што имале многу различен начин на хранење. Основната претпоставка - дека доминира О група, типот на ловците - пештерни луѓе, кои што имаат потреба од месо во своjата храна, дека А група се покорни вегетариjанци, додека B група jадат сe, при што ги преферираат млечните производи. Основен проблем каj оваа диета е дека книгата не ги поддржува ниту еден од фактите и своите теории со научни податоци. Строгото исполнување на диетата е вероjатно да доведе до недостиг на определени хранителни состоjки во времето, затоа што бара многу неразновиден начин на хранење. Вероjатно загубата на телесна тежина, набљудувана при исполнување на оваа диета, се должи на тоа дека луѓето конзумираат помалку калории.

"        Разделено хранење

Го вкључува разделувањето на протеините и jаглехидратите на оброци, на пример сабаjлешната и послепладневна ужина може да се составени само од jаглехидрати, додека ручекот и вечерата се составени само од протеини. Теориjата тврди дека со изполнувањето на оваа диета телото jа вари храната многу подобро и така многу помалку храна ќе се натрупа под формата на маст. Повероjатната причина за успех каj оваа диета е дека луѓето воопшто конзумираат многу помали порции и не можат да ги jадат повеќето нездрави храни и висококалорични оброци. Теориjата ги губи позициите кога ќе разберете дека скоро нема храни, кои што да се составени само од протеини или само од jаглехидрати, т.е лебот често содржува 15% протеини, зрнестите храни исто така содржуваат и протеини и скроб, а млечните продукти содржуваат природни млечни шеќери, освен основниот состав од протеини и масти. Оваа е исто многу тешка за исполнување диета, затоа што може да биде многу асоциjална.

"        Супа од зелка

Оваа диета постои со многу години. Таа вкључува конзумирање само на домашно подготвена супа од зелка за период од 7 до 14 дена. Супата е многу нискокалорична и содржува многу малку jаглехидрати, протеини и никакви масти. Супата може да се jаде толку пати колку што е потребно за да се засити гладот. Теориjата всушност е многу нискокалорична диета. Слабеењето обично е брзо во првите неколку дена, но затоа што е скоро невозможно овоj вид диета да се пази за повеќе од неколку дена, загубата на тежина е краткотраjна и доаѓа наjмногу од загуба на вода од телото, а не од масти.

"        Диетата на Монтињак

Методот на французинот Монтињак, базиран на "синтеза од морите научни четива", строго го ограничува нишестето, шеќерите и алкохолот во првиот период на слабеење за неколку месеци. После, во поддржувачката фаза на диетата, тоj дозволува такви лакомства, како црвено вино, колбавчиња, црн дроб од гуска, сирење и понекогаш десерт од чоколадо.

Место да брои калории, Монтињак ги мери храните по нивниот "гликомичен индекс"или рамништата на шеќер во крвта, кои што тие ги предизвикуваат. Тоj тврди дека шеќерот го стимулира максималното производство на инсулин, што го тера телото да трупа масти. Така храните со висок индекс, како компири и бел леб, не треба да се комбинираат со масти, како путер на пример. Голем дело д медицинското општество е скептички расположено и многу велат дека диетата на Монтињак работи во краткорочен план, затоа што до 70%  од калориите на човек доаѓаат од масти, кое што го зголемува ризикот от срцеви болести.

"        Сировоjадство

Тоа се базира на jадење само на сирови, неготвени храни, кои што, како што тврдат приврзаниците на оваа диета, можат да го задоволат гладот без концентрираните калории на храните, што содржуваат скроб. Тие исто така тврдат дека сировоjадството води до сериозно подобрување на здравствената состоjба. Основната теориjа на слабеењето, коjа што навлегува со оваа диета е дека голем дел од готвената храна може да учествува само во производството на масти, затоа што топлината и киселините jа променуваат, при што и пречат да учествува во размената на состоjките во други сложени процеси. За разлика од неа, сировата храна се разделува на два дела, кои што можат дирекно да се метаболизираат во различни клетки. Не постои сигурен доказ дека телото реагира така на готвена и сирова храна. Секое набљудувано слабеење вероjатно се должи на намалувањето на калориите како резултат на конзумирање на големи нискоенергетски храни. Тешкото пазење за долго време води до неуспех на диетата.

"        Диета за детоксикациjа на Карол Вордерман

Базирана на теориjата за промена во начинот на хранење за исфрлање на сите токсини и за прочистување на телото за почетен строг 28-дневен период ќе ги намали натрупаните масти, ќе го натера телото да користи повеќе храна за енергиjа и ќе ги подобри енергетските нивоа.

Повеќето здравствени професионалисти се согласуваат дека има многу малку научни докази за оваа диета како средство за слабеење и дека секоjа набљудувана загуба на телесна тежина вероjатно е придружен ефект од конзумирањето на помалку калории.

"        Диета според лицето

Базирана на принципите за ориенталската медицинска пракса, таа користи визуална диjагностика, при што ги разгледува обезбоjување, дамки, акна, подуеност или суво по кожата на лицето. Се смета дека секоjа зона jа открива сегашната положба на основните внатрешни органи. Загубата на телесна тежина се извршува, при што се утврдува кои храни му пречат на метаболизмот, затоа што тоj би требало и може да создаде полнеење и да се определи кои витамини и минерали недостигаат или не се балансирани во телото и да се препишат.

Нема научни докази за оваа диета и секое научно набљудувано слабеење наjвероjатно се должи на драстичните промени во начинот на хранење и често бараните ограничувања.


"        Програмата NOVO наспроти конкуренциjата

-        Таа е индивидуална, т.е. го разгледува секоj човек одделно и е базирана на високотехнолошки клиничен тест.
-        Не бара отстранување на цели хранителни групи од менито на луѓето.
-        Делува без забавување на метаболизмот или поставување на променлив режим на исхрана.
-        Ниската енергичност на диетите е вообичаена; програмата NOVO може да jа зголеми.
-        Лесна за пазење по започнување споредена со многу диети, затоа што не се забранува ниту една хранителна група или начин за подготвување на храната.
-        Има позитивни придружни ефекти (подобрено варење на храната, заjакнат имун систем, зголемена енергиjа и самодоверба), а не негативни (гадење, слабост, нерви, лош здив).
-        Не е агресивна или опасна.