Процесот NOVO
  
   Реализирањето на тестот NOVO се состои во земањето на крвна проба (околу 24 мл) во специjализирани лаборатории во гр. Софиjа и гр. Варна во заверени контеjнери на Immogenics, коjа што веднаш се испраќа во лабораториjата на фирмата во Холандиjа. Со наjусовршени ласерски технологии се извршува сложна хематолошка анализа на индивидуалната реакциjа на крвните клетки со екстракти од 170 страни.
   NOVO од Immogenics користи фина ласерска технологиjа за пресеjување за да се идентификуваат храните што го предизвикуваат специфичниот имунолошки одговор. Со апарат за хематолошка анализа (CD 4000-Sapphire) се утврдува активноста на белите крвни клетки, при што анализаторот измерува околу 40 000 клетки за секоjа храна, соодветно на над 2,5 мил клетки на тест. На многу високо технолошко ниво се тестираат промените на полиморфонуклеарите и меѓуклеточните медиjатори од различните храни. Со помошта на компjутерска програма секоjа индивидуална проба се обработува при што се докажува присуство или недостиг на реакциjа.
   По период од 2 до 4 работни недели клиентот добива Тест резултат. Тоj ги содржува тестираните храни, категоризирани во одделни сектори според неподнесувањето на организмот кон нив. Со тест резултатот клиентот добива и детално опишување на диетолошката анализа и корисна информациjа, инструкции и препораки за хранителната програма. Соработниците на "Њутрон Бугариjа" се на расположение за консултации и поддршка во целиот период на изполнувањето на индивидуалната програма.
   Заинтересираните за да си го направат Тестот треба 2-3 дена пред земањето на крвната проба да jа обjават своjата желба со jавување во канцелариите на "Њутрон Бугариjа" ЕООД.