Што се случува кога реагираме на храните што ги примаме?



   Кога телото идентификува молекулни комплекси од недоразградена храна, тоа ги прима како туѓо тело и се индуцира имун одговор. Се активира група од бели крвни клетки - Неутрофили. Тие ги уништуваат макромолекулите кон кои што организмот покажува чувствителност. Еден од начините за уништување на макромолекулите е ослободувањето на повеќе од 50 различни токсини. Друг начин е фагоцитоза на тие мали честички од храната - ги оградуваат прво преку издатоци на клетката (т.н. псевдоподи), после кое што ги додаваат во внатрешноста на клетката и ги лизираат. Кога ќе откриjат макромолекули, со многу големи димензии за да бидат голтнати (т.н. процес на отежнета фагоцитоза), неутрофилите ги изливаат во крвниот ток или на соседните ткива, кое што предизвикува локални воспалениjа. За време на имуниот одговор се одделуваат и медиjатори (TNF) кои што jа притискаат деjноста на ензимите, потребни за претворање на мастите во енергиjа. Од друга страна, овие процеси трошат голем дел от слободниот IGF 1, коj што се сврзува со интегриновите рецептори (активатори на имуниот систем). На овоj начин останува помалку IGF 1 да се сврзи со тирозин - киназните рецептори /кои што го регулираат метаболизмот/ / фиг. 1 и 2/. Ова од своjа страна води до промени во клеточниот метаболизам, кое што влиjае и на целиот организам. Храната се одложува како масти во мрсните складишта, место да се користи за производство на енергиjа, а како резултат на тоа и мускулите не jа добиваат потребната количина. Овие процеси влиjаат наjнапред на телесната тежина - се намалува мастната размена и се натрупуваат масти, мускулатурата добива помала количина енергиjа и соодветно испраќа сигнали кон мозокот, при што го поттикнува организмот да прима повеќе храна со цел да добие повеќе енергиjа. Конзумациjата на поголеми количини храна не го решава проблемот. Ние можеме да продолжиме да примаме храни, кон кои што организмот ни реагира, но нема да донесеме енергиjа на мускулите и умората и гладот ќе останат.
Нормално негативна проба (нема реакциjа)
Позитивна (токсична реакциjа)
Позитивна токсична реакциjа со фагоцитозa
Позитивна реакциjа дегранулациjа
Нежни и / или мртви клетки, намалување на способноста за живот на белите крвни зрнца (WVF)