Како имуниот систем влиjае на нашиот организам?
...Во таа врска важно е да разбереме како си делуваат меѓусебно некои хемиски патишта во клетките на телото. Клетката е "фабриката на телото" во коjа што се исполнуваат стотици илjади реакции. Двата механизми, што претставуваат особен интерес во врска со телесната тежина и енергиjата, се имуниот одговор и метаболизмот. Секоj од овие процеси е регулиран од рецептори на површината на клетката, што можат да го активираат - рецептори за имуниот отговор (интегрин рецептори), кои активираат имуна реакциjа и рецептори, што го контролираат метаболизмот (тирозин - киназни рецептори), кои што учествуваат во производството на енергиjа и горењето на мастите од мрсните складишта. За да разбереме како си делуваат меѓусебно метаболизмот и имуниот пат, умесно е да си замислиме дека клетката е отворен систем, коj дозволува на хранителните состоjки да навлезат, после кое што во него се произведува енергиjа преку метаболизмот. Но ако системот е затворен, хранителните состоjки се блокирани како во стапица надвор од клетката и не можат да се метаболизираат во енергиjа. И двата механизми (имуниот пат и метаболизмот) се регулираат од хемискиот посредник, сличен на инсулинот фактор за растење 1 (IGF 1). Тоj се произведува во црниот дроб под влиjание на хормон на растење и неговите нива се ограничени. IGF 1 има способност да се сврзува со интегриновите рецептори и тирозин - киназните рецептори. Ако се бара или користи повеќе IGF 1 од едните од рецепторите, помала количина ќе биде достапна за другите. За да биде отворена клетката како систем, потребни се неколку услови и тие содржуваат освен балансирана хранителна доставка и присуството на доволно слободен IGF 1, коj што да се сврзи со тирозин - киназните рецептори (за метаболизмот).
Фигура 1: Ако нивото на слободен IGF 1 е премногу ниско поради хиперактивен имун систем или ако присуствува дисбаланс меѓу хранителните групи, што навлегуваат во клетката, клеточниот систем започнува да се затвора и храната ќе биде одложена како маст место да се искористи за енергиjа.
Фигура 2. Резултати от реакцията към храната.
При активиран имунитет се зголемува складирањето на масти, умората и гладот. По елиминирањето на имуниот одговор кон храната, резултатот е зголемување на енергиjата, регулирање на тежината и нормално намалување на потребната количина храна.